Сместување во центарот на Охрид!


На овие страници можете да ги добиете сите неопходни податоци во врска со сместувањето кое ние го нудиме. Можете да погледнете фотографии од Охрид и од сместувањето, да видете каде се наоѓаме на мапа, да ги разгледате цените и да добиете информации за да контактирате со нас. Слободно контактирајте со нас за подетални информации и за резервации. За поголеми групи на гости кои доаѓаат вон сезона, контактирајте со нас за да се договориме за цената.

Краток опис на сместувањето:
Локација:
Собите се наоѓаат во куќа во центарот на Охрид.Куќата е на приближно 5 минути пешачење од Старата Чаршија, Плоштадот и Пристаништето. Самоиловата Тврдина, Античкиот Театар, Плаошник и повеќето стари цркви се оддалечени на приближно 3 минути пешки од сместувањето. Најблиските плажи - Канео и Потпеш се на оддалеченост од 10 минути пешки.
Услови:
Во куќата има 6 соби,по 3 соби на спрат со вкупен капацитет за сместување на 18 гости. На секој спрат има по една кујна и купатило.


Пријатели